Заеднички буџет за ортопедија и клиниките за пластична хирургија, најави директорот на Фондот за здравство, Сашко Клековски.
Тврдеше дека од оваа година ќе има флексибилен буџет за 120 до 150 операции годишно, а според Клековски ова е дел од планот за хемо-онкологија што Фондот за здравство го работи заедно со клиниките и Министерството за здравство.
Почнувајќи од оваа година предвидовме заеднички буџет за клиниките за торакална и пластична и реконструктивна хирургија за примарни и секундарни хируршки зафати, со што се решава проблемот кој се одолговлекува долго време, така што веќе нема да има префрлање на надлежностите меѓу двете клиники за тоа која е надлежна за лекување на пациентот.
За состојбата со лековите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравство потврди дека во моментов недостасува само еден лек, но потврди дека се работи на набавка на истиот, за што е контактиран производителот и се очекува наскоро да биде пуштен во употреба во клиниката.