Фондот за здравствено осигурување се враќа на стариот концепт и нема да го водат двајца директори, туку еден.
Како што беше истакнато вчера на прес-конференцијата, ФЗО ќе има и заменик-директор покрај директорите.
„Се прекинува концептот на управен орган од двајца директори, кои се подеднакво одговорни за работата на Фондот, а се враќа концептот на директор и заменик-директор, кој постоеше до 2007 година“, нагласи генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски.
Тој и генералниот директор Бранко Аџигогов претходно информираа за најновите законски одлуки во врска со зголемувањето на бројот на обиди за биомедицински потпомогнато оплодување под грижа на Фондот.