Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да седне на селекторската клупа на Германија, јавија денеска германските медиуми пренесувајќи изјава на менаџерот на 56-годишниот стратег
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да седне на селекторската клупа на Германија, јавија денеска германските медиуми пренесувајќи изјава на менаџерот на 56-годишниот стратег.
Клоп беше меѓу кандидатите за наследник на Ханси Флик, кој беше отпуштен од селекторската должност минатата недела по поразот од Јапонија (1-4) во пријателски натпревар.
„Јирген има долгорочен договор со Ливерпул и не е достапен за позицијата селектор на репрезентацијата“, посочи неговиот менаџер Марк Косицке во изјава за „Спортсхау“.
Германија ќе биде домаќин на Европското првенство идната година.