Клоп: Сакаме да бидеме во топ 4 и да се пласираме во ЛШ следната сезона

– Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше за целите на неговиот тим за следната сезона.

– Секако дека сакаме да бидеме во топ 4 и да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона, што е предизвик, но тоа е целта во секоја сезона. Но, најважното нешто кон кое се стремиме е да победуваме и да им пружиме задоволство на навивачите кои доаѓаат на домашната арена или не следат каде и да одиме. Сакаме да дојдат на стадион возбудени и да се вратат дома со нешто да слават и да се радуваат. Така, овие причини се доволни за да се оди на речиси сè, изјави Клоп за официјалниот сајт на Ливерпул.

Ливерпул е 7-ми во Премиер лигата со 36 бодови од 23 натпревари.

Вечерва „Црвените“ играат со Вулвс на домашен терен.