„Клучни државни прашања!“ Мицкоски: Во моментов не гледам причина за средба со Филипче

Премиерот Христијан Мицковски во моментов не гледа причина да организира уште една лидерска средба со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој постојано бара лидерска средба за дефинирање на црвените линии и постигнување меѓупартиски консензус за клучните државни прашања.

Мицкоски, како одговор на прашањето за поканата за лидерската средба, рече дека веќе имале лидерска средба со лидерот на СДСМ, Филипче.

„Па, често ме покануваат на лидерски средби. Имавме лидерска средба со г-динот Венко Филипче. Ако имаше потреба од таква лидерска средба, не разбирам зошто не ја организираа. Но, во моментов, не гледам причина зошто би организирале уште една лидерска средба“, рече Мицкоски на прес-конференцијата по потпишувањето договори за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа во рамките на вториот повик објавен од Владата.