Мемоарите на поп-принцезата Бритни Спирс (41 г.) ќе бидат објавени наесен, открива магазинот Page Six.
Мемоарите ќе ги опфатат најранливите моменти од нејзиниот живот – од нејзиното детство како обична девојка со големи соништа, нејзиното раскинување со познатиот пејач Џастин Тимберлејк и нејзината долгорочна битка за старателство со нејзините родители.
„Тоа е приказна за преживување, од старателството кое целосно ја парализирало до наоѓањето среќа со нејзиниот сопруг Сем Асгари“, кажал неименуван извор за магазинот.
Бритни Спирс ја пишуваше книгата со познатиот писател и новинар Сем Ленски, а издавачката куќа е воодушевена од мемоарите, кои во моментов се подложени на финални ревизии пред објавување.
„Нејзината книга е брутално искрена. Тоа е навистина приказна за женското зајакнување и преземање контрола врз сопствениот живот. Има делови од оваа книга со кои секој човек, особено жена, може да се идентификува и да се чувствува помалку осамено. Таа ги претвора радоста и болката во нешто трансцендентно – уметност. Книгата ќе го потресе светот. Верувам дека ќе биде револуционерен инстант бестселер“, открил изворот.
Нејзиниот адвокат Метју Розенгарт и американската агенција Creative Artists Agency склучија значаен договор од 15 милиони долари, што е еден од највисоките во историјата по издавачките договори на Барак и Мишел Обама.
Самата пејачка еднаш зборуваше за пишувањето на книгата на социјалните мрежи.
„Вљубена сум во животот што си го изградив по се што направив за да се ослободам од татко ми кој ме малтретираше и контролираше 13 години. Воопшто немам семејство кое ме цени и почитува. Тоа ми е најтешкиот дел бидејќи колку и да ги сакам, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Напишав три различни верзии на мојата книга, што беше терапевтско искуство за мене“, објави таа неодамна на социјалната мрежа Инстаграм.
На 1. февруари 2008 година, Бритни беше насилно ставена под надзор од судијата Рив Гец. Нејзиниот татко Џејмс Спирс и нејзиниот адвокат Ендрју М. Волет оттогаш носеа деловни и приватни одлуки во нејзино име. Самата Бритни во неколку наврати изјавила дека немала пристап до парите, не смеела да пие кафе, а била под надзор дури и кога се туширала. Старателството траеше се до ноември 2021 година кога конечно таа успеа да се ослободи.