– Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Бардолино, Италија, се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
Ковачевски, Вучич и Рама ќе присуствуваат на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“ во Верона.
-Пред почетокот на меѓународниот саем за вино „ВинИтали“ кој деновиве се одржува во Верона, ги потврдивме нашите заложби за економски просперитет на државите. Со заеднички политики го развиваме регионот и овозможуваме подобар живот за сите граѓани, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.
За средбата на Фејсбук објави и српскиот претедател Вучиќ.
Премиерот Ковачевски на Саемот за вино во Верона е заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.