Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровски решенија:
За министер кој ќе го води Министерството за правда е предложен Кренар Лога.
За министер кој ќе го води Министерството за здравство е предложен Фатмир Меџити.
За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација е предложен Азир Алиу.
Каја Шукова е предложена за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
За заменик министер за одбрана е предложен Тирон Јајага.
Викторија Аврамовска-Мадиќ е предложена за заменик министер за правда.
Вјолца Бериша е предложена за заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За заменик министер за здравство е предложена Маја Манолева.
Агим Нухиу е предложен за заменик министер во Министерството за образование и наука.