Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски беше домаќин на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
„На кратка средба пред почетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, разговаравме за фактот дека Северна Македонија, со својата принципиелна надворешна политика заснована на дијалог и компромис, како домаќин на овој настан, е препознаена како доверлив партнер на меѓународната заедница“, вели Ковачевски.
Тој додаде дека поддршката на нашиот стратешки партнер САД е многу важна во овој процес.
Инаку, во текот на наредниот ден се очекува во Охрид да се сретнат премиерот на Република Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ за да постигнат договор меѓу двете земји.