Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски ги осуди вчерашните инциденти кај Бањска на северот на Косово и повика на итна деескалација на ситуацијата.
Ковачевски истакна дека ситуацијата на Косово се следи со голема загриженост и дека се во постојана координација со сојузниците.
Тој ја изрази својата целосна поддршка на Кфор во сите идни активности кои, како што вели, се насочени кон гарантирање на мирот и стабилноста на Косово и во регионот.
„Апелирам за деескалација на настаните во Косово и за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања на мирен и демократски начин. Забрзувањето на евроатлантската интеграција на Западен Балкан е клучно , тоа е единственото начин да се обезбеди напредок и стабилност во регионот, како и да се намали влијанието што ги дестабилизира третите страни.Регионот мора да оди напред , граѓаните заслужуваат просперитет, подобра иднина и подобар животен стандард“, рече Ковачевски.
Во однос на безбедносната состојба во Македонија , Ковачевски уверува дека граѓаните можат да бидат спокојни – таа е стабилна, без знаци на можни нарушувања, рече тој.