Ковачевски: Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август – Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност.


 
-Нека ни е честит и вековит Илинден-Денот на Републиката! Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност, јазик и култура. Го чествуваме нашето славно минато, свртени кон посветла иднина! Денешниот историски ден да го славиме сите заедно, обединети со иста верба во нашата просперитетна иднина! Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!, порача премиерот Ковачевски во честитката по повод големиот празник Илинден.
 
Вечна благодарност на нашите илинденци и асномци, додава Ковачевски во честитката, чија борба за слободна, независна, демократска, прогресивна македонска држава и мултикултурно општество, денес е наш аманет и патоказ по европскиот пат. 

-Нека ни е честит Илинден – Огниште на татковината!“, се вели во Фејсбук објавата на премиерот Ковачевски.