Нашата заедничка иницијатива Отворен Балкан постојано расте, со нови придобивки за нашите граѓани.
По иницијативата за заеднички лични карти, кои ќе ги отворат можностите за работа во Северна Македонија, Србија и Албанија, како и побрзиот проток на границите, сега имаме нови планови кои значат бенефит за граѓаните на трите држави.
Работиме на слободно движење на луѓе, добра и услуги и веќе ја разгледуваме можноста за ден со отворени граници за земјите од Отворен Балкан.
Заедно со моите колеги и пријатели,
претседателот на Србија Aleksandar Vučić и премиерот на Албанија Edi Rama, ќе работиме на подготовки за заеднички Филмски фестивал кој ќе се одржува во Скопје, за што подготовките веќе се во тек.
Ќе организираме и заеднички спортски игри за основците и средношколците од нашите земји за да може да се натпреваруваат, да се дружат и да склучуваат пријателства.
Нема поголем мотив да бидеме дел од Отворен Балкан. Оваа иницијатива е нешто органско, автентично, базирано на добра верба, добра волја и добрососедски односи во нашите три земји.