Со директорката на Европската банка за обнова и развој за Централна и Источна Европа, Шарлот Руе, денеска, разговаравме за важноста на проектите, кои, со поддршка на еден од нашите најголеми партнери, се реализираат во Република Северна Македонија.
Нивната огромна поддршка на различни проекти во областа на транспортот, животната средина, инфраструктурата, енергетиката и зелениот развој придонесува за економски напредок на државата и подобрување на животот на граѓаните. Се согласивме дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина.
Реализацијата на капиталните проекти е врвен приоритет на Владата. Создаваме поволна клима за странски инвестиции, услови за забрзан економски раст и остварување на стратешките цели на патот кон нашите евроинтеграции.