Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека не е точно оти со ДУИ подготвуваат сценарио за бојкот на вториот круг од претседателските избори на 8 мај.
„Ова не е точно, вчера имав многу јасна порака на средбите во Сарај и Чучер Сандеве. Ги повикувам сите гласачи на 8 мај масовно да излезат и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата „За европска иднина“ на парламентарните избори.
Да го избереме претседателот и парламентарниот состав, за Македонија да го продолжи патот кон евроинтеграциите“, рече Ковачевки.
Тој рече дека никој ги нема под своја контрола гласачите да им кажува како да гласаат.