Ковачевски: „Отворен Балкан“ почна да дава резултати

Премиерот Димитар Ковачевски го отвори Вториот економски форум во Скопје во организација на Економскиот форум Делфи и Грчката бизнис асоцијација.

Премиерот Ковачевски ги повика странските инвеститори да инвестираат во РМВ, бидејќи според него, земјава нуди соодветни услуги за инвеститорите.

„Отворениот Балкан веќе почна да дава ефекти. Соработката меѓу земјите почна да расте“, рече Ковачевски.

Премиерот зборуваше и за евроинтеграциите.

Веќе не е во прашање дали Западен Балкан ќе биде дел од ЕУ, сега прашање е кога ќе станеме дел од оваа унија“, рече Ковачевски.

Премиерот зборуваше и за војната во Украина, нарекувајќи ја руската инвазија неприфатлива.