Премиерот на државата Димитра Ковачевски веднаш по лидерската средба изјави дека се чувствува среќен што конечно по 17 години Република Северна Македонија ќе одржи редовни парламентарни избори.
„Разговаравме за уставните измени, јасно кажавме дека тие се единствениот начин за интеграција на државата во ЕУ. Уставните измени остануваат главен предуслов за продолжување на нашиот европски пат. Нема друга алтернатива за нашиот пат кон ЕУ, секоја друга теза е погрешна. Последна тема беше датумот за избори, среќен сум што конечно после 17 години ќе имаме регуларни парламентарни избори“, рече Ковачевски, додавајќи дека лидерската средба поминала во позитивна атмосфера.
Во меѓувреме, на прашањето за техничкиот премиер, тој одговори дека за ова прашање има договор со коалициските партнери и тој и неговата партија ќе го почитуваат договорот.