Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста – 4 јули.
Премиерот Ковачевски во честитката истакна дека САД се наш стратешки партнер, чија поддршка е исклучително важна за напредокот на нашата земја.
„Заедничката определба за демократија, за слобода, еднаквост, почитување на човековите права, за градење силни демократски општества е основата врз која нашето пријателство и партнерство ќе продолжи да се развива и зајакнува и политички и економски, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО“, вели Ковачевски.
Ковачевски нагласува дека придонесот на САД е голем во делот на интензивирање на реформскиот процес за понатамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борбата против корупцијата и криминалот, што е важен поттик во процесот на преговори. за членство на Северна Македонија во ЕУ.