Сојузна Република Германија е еден од нашите најпосветени партнери и поддржувачи на нашиот пат кон интеграцијата во ЕУ.
Од нив добивме недвосмислена поддршка со Резолуцијата донесена во Бундестагот со која ги прифатија нашиот македонски јазик, култура и историја и сега повторно ни помагаат со цел побрзо да станеме дел од ЕУ. Нашите граѓани сакаат да живеат според европскиот животен стандард и во земја членка на ЕУ, овде, дома во Северна Македонија.
Нашата иднина е во Европската Унија заедно со сите останати земји членки.