– Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на Извршниот одбор на партијата ќе биде потврдена одлуката координаторот на пратеничката група Јован Митрески да биде претседател на Собранието, откако Талат Џафери беше предложен од ДУИ да биде технички премиер.
-Ќе се разговара за претседател на Собранието со оглед дека сегашниот претседател на Собранието е предложен за претседател на техничката Влада, и нормално дека организацискиот и генералниот секретар ќе поднесат извештај за сите оперативни активности што се направени во текот на минатата недела, после последниот Извршен одбор што го имавме, изјави вечерва Ковачевски пред состанокот.