Јас сум рационален оптимист – верувам во целта и работам напорно таа да се оствари. Тоа е мојот принцип на работа. Погледнете што сѐ е направено во мандатот на оваа Влада во изминативе 12 месеци, и во делот на економијата и справувањето со енергетската криза и на меѓународен план – донесовме најголем пакет антикризни мерки во регионот, оценето од Светската Банка, и започнавме преговори со ЕУ кои 17 години беа заглавени.
Сметам дека уставните измени се целта којашто исто така заедно мораме да ја оствариме. Тоа не е процес на еден човек, на една политичка партија или на една Влада. Ова е процес кој секоја држава го поминува еднаш и завршува со членство во ЕУ. Сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ.