Единствената европска преговарачка рамка за Република Македонија нема да исчезне, без разлика колку Виктор Орбан ги нуди своите услуги, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ЕПП по повод одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон евроинтеграциите. .
Тој потсети дека поранешниот премиер Никола Груевски побегнал во Унгарија, а голем дел од македонските медиуми „на ВМРО-ДПМНЕ се во рацете на Унгарците и воопшто не се пријателски расположени кон Бугарија и немаат дух на добрососедство“. .
По повод предлогот на Виктор Органи неговата земја да биде посредник меѓу Бугарија и Македонија, Ковачев додаде дека нема потреба од тоа.
Според него, главната теза на властите во Македонија е дека „патот на Република Македонија кон Европа го блокира Софија, Бугарите се лоши и тие се виновни за се“.