Пејачката Ана Николиќ е во центарот на вниманието, откако во јавноста беше објавено видео на кое се гледаат раните што ги има на лицето, а на кое вели дека има 100 српски динари на сметката.
По повод сето она што и’ се случува на Ана, се огласи пејачката Гога Секулиќ, која е една од ретките кои не сакаа да молчат и да гледаат со скрстени раце на сè штони’ се случува.
– Кога имав некои тешки моменти во мојот живот, иако не бевме пријатели, таа беше првата што ме контактираше и ми понуди помош. Тоа беше вистина пред десет години. Таа ме контактираше и покажа дека има големо срце, но сите што ја познаваат знаат дека е многу добра пријателка пред сè. Таа тогаш не ми беше блиска пријателка. Ме покани на ручек и ми стави пари во чантата. Сакав да и’ ги вратам, но таа ми рече дека не доаѓа предвид, дека знае во каква ситуација сум. Никогаш нема да го заборавам – рече Гога со грутка во грлото.
– Мислам дека има малку повеќе невистини околу ова и дека тоа и’ прави проблем. Девојката зад себе има многу хитови и успешна кариера. Не знам дали е во неволја последниве години, а очигледно е, штом сето ова и’ се случува, но што и да е – тука сум. Не знам кој живее со неа, но и’ треба помош – додала пејачката.
-Ако некој почне да помага, не е важно кој е, мислам дека не е убаво да завршиш така подоцна. Верувам дека жената е навистина во неволја, и треба да се најде начин да и’ помогне. Што и да направила, бабата и дедото мора пред сè, заради детето, да и’ простат на Ана и да бидат со неа, да се издигнат над сè. Јас сум со неа во секој поглед. Не мора да значи дека и треба третман, можеби само треба да оди на море, да се опушти, да го среди целото тело и организам – изјави Гога.