Интернетот придонесе светот побрзо од кога било да дознава за најразновидните феномени, туѓите искуства, талентите, убавината, необичностите… Нови вести и информации постојано пристигнуваат од секој агол на планетата и се чини дека денес секој може да дојде до своите пет минути слава, заслужено или не.
Неочекувана интернет слава ѝ се случила и на Американката Меган Ричмонд, а сето тоа поради неверојатната боја на нејзините очи.
Оваа млада дама е од Мајами, а стана сензација на ТикТок и Инстаграм благодарение на спонтаната објава на претприемачот и инфлуенсер од Тексас, Рохаjм Фаруки. Тој неодамна случајно ја сретнал на улица, а нејзините очи му оставиле таков впечаток што ја замолил да ја сними.
„Нејзините очи се едни во милијарда“, напишал инфлуенсерот.
Видеото на кое Меган му ја покажува прекрасната светлосина боја на нејзините очи и докажува дека не станува збор за контактни леќи е прегледано повеќе од 50 милиони пати. Оваа црнка дури на лице место му покажала фотографии од детството на Рохајм, кои сведочат дека навистина е родена со оваа специфична, впечатлива нијанса.
@megadck ♬ EEEYEAAH – SK Brook
Меган инаку се занимава со биомедицински инженеринг, но благодарение на нејзината посебна карактеристика станала популарна на социјалните мрежи и така заработува. Нејзините видеа секогаш достигнуваат милиони прегледи, иако на истите во главно најчесто ги покажува своите очи или зборува за нив.
Таа открила дека сините очи ги наследила од нејзините родители – и мајка ѝ и татко ѝ имаат сини очи, иако малку поинаква нијанса од неа. Инаку, нејзиниот татко е половина Британец, а половина Ирец, додека нејзината мајка има германски и шведски гени. Токму споменатите земји се оние кои имаат најголем процент на сини очи во светот, а Европејците се тие кои најчесто се раѓаат со сини очи.
@megadck Replying to @☀️ my mom is gonna kill me for posting this 😂 #parentreveal #genetics ♬ AIME MOI – Speed Up – kobzx2z
Статистиката вели дека само 8 до 10 отсто од луѓето во светот имаат сини очи, но исклучително светлосината нијанса која ја има Меган е многу, многу поретка. Самата вели дека има „гоџо“ очи, алудирајќи на ликот Сатору Гоџо од јапонската манга серија кој има идентична нијанса на очи.