КОГА ПОЧНУВА ЗИМСКОТО ВРЕМЕ? Од овој датум ќе спиеме еден час подолго, не заборавајте да ги поместите стрелките

Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе унифицирано, тоа се уште не се случи.

Во Европа, вклучително и во Македонија, летното сметање на времето оваа година завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта меѓу 28 и 29 октомври во 3 часот наутро ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, тоа е до 2 часа наутро.

Се уште не се знае кога ЕУ конечно ќе го укине менувањето на часовникот, но во Хрватска, која е членка на Унијата, на пример, до крајот на 2026 година е на сила регулативата за летно и зимско сметање на времето.