Бразилската убавица Адријана Лима со години важеше за една од најубавите жени на светот. Многу мажи ги загубија главите по неа, а жените и’ се восхитуваа. Меѓутоа, во последната година се чини дека нешто наеднаш се промени.
Адријана ги симна крилјата на „ангелите на Викторија“ и си дозволи да се однесува како секоја друга жена. Уживала во храната што ја јадела, не морала постојано да биде на строги диети, ниту пак да се шминка на лицето од утро до вечер. Веднаш следеа негативни коментари дека се обезличила, се здебелила, се упропастила и дека повеќе не личи на себе . Во меѓувреме Лима забременила и се породила, но тоа не ги спречило хејтерите да и’ испраќаат бројни негативни коментари.
Меѓутоа, одеднаш повторно се виде промена и Адријана полека почна да се враќа на стариот изглед. Кога во октомври се појави на ревијата на „Ангелите на Викторија“, сите останаа без зборови. Оваа убавица изгледаше како пред 20 години кога беше на врвот на својата слава. Таа гордо прошета по пистата и го воодушеви целиот свет.
Адријана јавно не одговараше на критиките и не зборуваше зошто има толку големи флуктуации во изгледот, туку уживаше во секој момент. Неодамна на социјалните мрежи откри дека се омажила и дека на нејзината среќа и’ нема крај.