Познатата балканска ѕвезда Северина се појави на концертот на српската пејачка Ана Николиќ во Загреб, каде беше видена во друштво на мистериозен маж. Како што дознаваат хрватските медиуми, се работи за архитет од Белград, Миро Месиховиќ.
„Северина е секако една од најважните луѓе во регионот, една од најубавите жени од Вардар до Триглав, но, за жал, не сме во никаква врска. Освен што делиме заеднички пријател Филип Милетиќ, нејзиниот продуцент. И уште нешто, одлично си поминавме во Mint во друштво со уште десетина пријатели“, изјави ексклузивно за хрватскиот весник Jutarnji list, Миро Месиховиќ.
Како што пишуваа претходно тамошните таблоиди, Севе се појавила во клубот во друштво на менаџерот Томислав Петровиќ, пријателот Давор Гргин и продуцентот Филип Милетиќ.