Кое седиште во автомобилот е најопасно за време на сообраќајна несреќа !? Сите мислат дека ова е најопасното место, но вистината е поинаква

Белгискиот институт ВИАС укажува дека возачот на автомобилот е многу поранлив од другите патници за време на сообраќајна несреќа.

Статистиката за сообраќајни несреќи, за жал, е точна. Темелната анализа може да доведе до важни наоди, а ова е еден од нив според истражувањето.

илустрација

Често се мисли дека сопатникот во предниот дел на автомобилот има најголема веројатност да загине во сообраќајна несреќа.

Меѓутоа, белгиската организација за безбедност на патиштата ВИАС тврди дека тоа не е така.

Институтот ВИАС укажува дека возачот на автомобилот е поранлив од другите патници. Возачот е изложен на 37 отсто поголем ризик од смрт во сообраќајна несреќа отколку сопатникот, а дури 47 отсто повеќе од оние што седат на задното седиште, пишува порталот gocar.be.

илустрација

Најбезбедно место во автомобилот е на средината на задното седиште. Услов е да има трикратен безбедносен појас и да го користи патникот во возилото. Во овој случај, вашите шанси за преживување се зголемуваат за 25 проценти во споредба со вашите патници на задните седишта.

автомобилсообраќајна несреќа