Во развојот на љубовната врска, како што тврдат експертите, обично има два клучни моменти во развојот на врската кои можат да го предвидат нејзиниот крај, многу пред раскинувањето.
Психолозите Жанина Булер и Улрих Орт открија дека падот на задоволството во врската започнува неколку години пред раскинувањето, а одлуката за раскинување обично не е ненадејна, барем не за оној што раскинува.
Како што објаснија овие психолози, романтичната врска се распаѓа во две клучни фази. Имено, предфиналната фаза на врската настанува рано и може да трае со години. Во овој период, партнерите постепено го губат задоволството од врската, но се уште има простор за промени и подобрувања. Сепак, во оваа фаза има најголеми шанси да се спаси врската, доколку двете страни се свесни дека нешто се случува.
После тоа, последната фаза започнува кога парот ќе се најде на „прекрстената точка“ во моментот кога задоволството нагло паѓа и емоционалната дистанца станува изразена. Оваа фаза може да трае од седум до 28 месеци, по што врската најчесто завршува.
„Кога двојката ќе влезе во последната фаза, раскинувањето е речиси неизбежно“, објасни Булер.
Како што тврди, низ оваа фаза поминуваат само луѓето кои завршуваат со раскинување. Според неа, двата партнера не минуваат низ овие фази истовремено.
“Оној што раскинува обично долго време чувствува незадоволство, додека другиот само што почнува да го гледа тоа. Партнерите не раскинуваат од ден на ден, туку поминуваат низ низа фази кои ги оддалечуваат емотивно. Важно е да се препознаат овие шеми за да се реагира навреме”, вели психологот Булер.
Доколку се препознаете во овие фази, психолозите советуваат дека најважно е да не ги игнорирате знаците.
„Токму во првата фаза, пред да биде предоцна, можно е да се направат промени, отворено да се разговара и да се обиде да ја спаси врската, доколку двете страни го сакаат тоа. Откако ќе влезете во последната фаза, нема враќање назад“, објаснуваат психолозите.