Кои се придобивките од намалувањето на шеќерот за вашето здравје: Лесно можете да постигнете видливи промени

Шеќерот е една од намирниците која е штетна по здравјето, а штом ќе се исфрли од исхраната се случуваат видливи промени.

Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето, млекото и другите намирници се добри за вашето здравје и може да се консумираат во поголеми количини. Сепак, индустриски преработените и рафинирани шеќери се штетни за вашето тело и организам.

Ако ги исфрлите од вашата исхрана, можете да го подобрите вашето здравје и лесно да се заменат со природни алтернативи како мед, стевиа или јаворов сируп. Со елиминирање на шеќерот ќе спречите најголем дел од штетите што ги предизвикува, а доколку се одлучите на тоа ќе постигнете бројни позитивни промени.

Откако ќе престанете да консумирате шеќер седум дена, првенствено ќе бидете во фаза на детоксикација. Ако претходно сте консумирале многу шеќер во вашата исхрана, може да почувствувате желба за шеќер и анксиозност во првите седум дена.

Овие ефекти се намалуваат по првата недела, во зависност од нивото на „зависност“ од шеќер и може да траат уште една или две недели. Ако вашиот внес на шеќер е поумерен и сте се префрлиле на диета богата со протеини, влакна и здрави масти, треба да почнете да се чувствувате добро по само седум дена. Нивото на енергија ќе ви биде постабилно во текот на денот, а вашето расположение ќе се подобри.

По еден месец без шеќер, вашата желба за десерти ќе исчезне, а наместо тоа ќе ви се зголеми желбата за протеини и лиснат зеленчук. Ако можете да поминете цела година без преработени шеќери, вашето здравје ќе биде на завидно ниво. Вашето тело ќе се прилагоди на функционирањето на основните хранливи материи и лесно е можно да изгубите голем број килограми.

Кога вашето тело ќе се исчисти од вештачки шеќери, ќе престанете да чувствувате постојана глад, ќе ослабете, а тежината ќе се стабилизира. Исто така, кога долго ќе го исфрлите шеќерот од исхраната, вашата кожа брзо ќе стане поздрава и поубава.

Драстичното намалување на шеќерот ќе направи голема разлика и за вашиот дигестивен систем. Откако ќе го исклучите шеќерот подолго време, вашите омилени чоколади ќе станат премногу слатки, а најмногу ќе уживате во вкусот на овошјето и природните шеќери кои се наоѓаат во нив.