Дејвид Вилсон, професор по Криминологија на Универзитетот на Бирмингем, говори за главните особини и својства на психопатите и зошто на некои луѓе им се симпатични и ги привлекуваат. За „Дејли мејл“, тој вели дека веројатно сите сме сретнале по некој што би можел да се класифицира како психопат.
Имено, криминологот појасни дека приближно еден од 100 луѓе е можен психопат.
– Психопатијата е растројство на личноста. Тоа не е ментална болест. Обично се одликува со три особини или начини на однесување, но проблемот е што често може да биде привлечна за луѓето, вели проф. Вилсон.
Според него, првата особина на психопатското однесување е тоа што овие луѓе прават работи што другите не би се осмелиле да ги направат.
– Поради ваквото однесување тие често се во средиштето на вниманието и така привлекуваат многумина… Како второ најбитно нешто – психопатите не можат да чувствуваат емоции. Тие навистина немаат емоции. Можеби го знае зборот „тага“, а можеби го знае и зборот „љубов“, но не чувствува ни тага, ниту љубов, вели стручњакот.
Последната, трета особина на списоков е интелигенцијата. Според проф. Вилсон, психопатите го кажуваат и прават она за што се способни само еден отсто од луѓето во светот и токму тоа е причината зошто луѓето сакаат да се зближат со нив и зошто тие луѓе се толку привлечни.