Генетиката е највлијателниот фактор во изгледот на бебето, но голем број други фактори исто така можат да го „одредат“ изгледот на бебето.
Според експертите, бебињата родени во летниот период имаат поголема телесна тежина во просек и можат да достигнат поголема висина кога ќе пораснат, во споредба со децата родени во постудените сезони.
Експертите тврдат дека соодветната изложеност на сончева светлина, која е извор на витамин Д, е клучна за растот на фетусот. Витаминот Д е неопходен за здрав развој на коските бидејќи овозможува апсорпција на калциум и фосфор и има позитивен ефект врз тежината и висината на детето.
Исто така, вообичаено е бремените жени да имаат желба за одредена храна, но кога станува збор за слатки, се препорачува да ги јадат умерено. Гестацискиот дијабетес или високото ниво на шеќер во крвта за време на бременоста може да доведе до таложење на вишок маснотии врз бебето, што потенцијално го изложува на поголем ризик од дебелина и дијабетес.
Многу луѓе веруваат дека консумирањето млеко за време на бременоста помага кожата на бебето да биде посветла. Според експертите, утврдено е дека постои врска помеѓу пиењето млеко за време на бременоста и здравата тежина при раѓање на бебето.
Исто така, на бремените жени им се препорачува да не консумираат повеќе од 200 милиграми кофеин дневно, бидејќи оваа состојка брзо се апсорбира и пренесува, доколку се консумира во прекумерни количини, може да се акумулира и да го ограничи растот на бебето, што доведува до мала родилна тежина, пренесува Brightside.me.
Дополнително, консумирањето кикирики за време на бременоста може да го намали ризикот од алергии на кикирики кај бебето. Алергиските реакции може да предизвикаат осип, црвенило, оток, како и проблеми со варењето и дишењето.
Покрај тоа, загадениот воздух може да влијае на родилната тежина на бебето, а на идните мајки им се препорачува да го намалат ова влијание со консумирање храна полна со витамини и антиоксиданси.
Исто така, храната богата со протеини влијае на растот на косата кај бебињата, па затоа на бремените жени им се препорачува да консумираат спанаќ, авокадо и јаткасти плодови, како и масна риба богата со омега-3 масни киселини.