Јајцата се сметаат за една од најпопуларните намирници за појадок и се особено пофалени за нивната хранлива вредност – тие се добар извор на висококвалитетни протеини, минерали и здрави масти. Сепак, начинот на кој ги подготвуваме може да влијае на хранливите состојки, па се поставува прашањето – дали е подобро да се сварат или да се пржат?
Можеме да кажеме дека јајцата се вистинско богатство на здравјето бидејќи се богати со антиоксиданси, протеини, витамини А, Д, Е и речиси и да не содржат јаглехидрати. Оваа храна е еден од најдобрите извори на холин, важна хранлива материја неопходна за нормално функционирање на клетките. Исто така, омега-3 киселините, кои се неопходни за работата на срцето, се наоѓаат во јајцата.
Тие содржат важни есенцијални хранливи материи кои го подобруваат здравјето на мозокот и очите. Тие припаѓаат на нискокалорична храна и едно јајце има околу 78 калории.
Многумина би рекле дека прашање на вкус е дали повеќе сакаме да јадеме матени јајца или варени јајца. Меѓутоа, кога станува збор за придобивките кои тие му ги даваат на нашето тело, тогаш секако е важно како ќе ги подготвите.
Варените јајца ги задржуваат повеќето хранливи материи
Кога јајцата се варат, тие обезбедуваат добра рамнотежа на протеини, масти и есенцијални витамини и минерали. Готвењето ги зачувува повеќето хранливи материи, што го прави пригоден избор за брз и здрав оброк. Вака подготвените јајца се богати со висококвалитетни протеини и несомнено ги содржат сите есенцијални амино киселини кои му се потребни на телото за оптимален раст и закрепнување.
Хранливата вредност на матените јајца зависи од тоа што сме додале во нив
За разлика од варените јајца, за да се пржат јајцата, потребно е во тавата да се стави масло или путер. Веќе сега додадовме една храна, а со тоа и калории. Често, нема да застанеме тука, туку ќе додадеме малку сланина, сирење или шунка, а со тоа хранливата вредност на изматените јајца ќе варира во зависност од тоа што ќе им додадеме.
Помеѓу овие две опции, сепак, варените јајца се поздрава опција. Тие ги задржуваат најголем дел од нивните природни вредности бидејќи се подготвуваат без дополнителни масти и состојки.
Експертите истакнуваат дека и матените и варените јајца можат да бидат корисни за телото и мозокот. Важно е да не се преувеличува во количината, а при пржење да ги подготвуваме само на маслиново масло и ако додадеме нешто тоа да биде спанаќ или блитва, а не храна од животинско потекло.
Исто така, треба да се земе предвид дека не се сите јајца исти и се препорачува секогаш да се избира органско .