Кои 10 особини децата ги наследуваат од своите татковци?

Детето наследува особини од двајцата родители, но гените на таткото се подоминантни во некои работи.

Децата ги наследуваат карактерните црти и физичкиот изглед од двајцата родители, но истото важи и за болестите и различните здравствени ризици.

Прочитајте интересна листа на особини кои децата често ги наследуваат од својот татко.

1. Боја на очите

Докажано е дека и двајцата родители влијаат на бојата на очите, но во повеќето случаи повлијателни се гените на таткото. Сепак, гените кои предизвикуваат темна боја на очите се исто така подоминантни од гените кои се одговорни за посветли очи, па ако таткото има потемна боја на очите, тогаш детето ќе има темни очи.

2. Проблеми со срцето

Постои ген кој секогаш се пренесува од татко на син. Тој дел од ДНК може да го зголеми ризикот од срцев удар и до 50%! Значи, ако татко ви има проблеми со срцето, добро е да посветите повеќе внимание на превентивните прегледи.

3. Усни

Пополните усни обично се наследени од тато. Иако ова не е здравствен проблем, напротив, интересно е да се знаат ваквите информации.

4. Висина

И двајцата родители се важни за наследувањето на оваа физичка карактеристика, но таткото се чини дека игра поважна улога. Често, генот на таткото има влијание врз вкупната висина, со што детето е повисоко за неколку сантиметри.

5. Боја на коса

Откриено е дека гените на таткото имаат значително влијание врз структурата и бојата на косата. Ова е особено забележливо ако тато има темна коса.

6. Проблеми со менталното здравје

Докажано е дека менталните нарушувања се наследни. Сепак, шансите детето да наследи ментално растројство од својот татко се зголемуваат со возраста на таткото. Ако мажот станал татко во подоцнежните години и страда од ментални нарушувања како шизофренија, сигурно неговата ДНК мутирала со текот на годините и како резултат на тоа, сперматозоидите носат мутирана ДНК, а со тоа и сите ментални здравствени проблеми.

Меѓутоа, мајките не можат да ја пренесат на своето дете болеста што ја стекнале подоцна во животот. Жените кои подоцна ќе станат мајки имаат поголема веројатност да имаат дете со аутизам или друга генетска болест.

7. Смисла за хумор

Родителите кои имаат смисла за хумор обично воспитуваат деца кои подоцна ќе ги надминат. Чувството за хумор доаѓа со високата интелигенција, која му овозможува на човекот да ја искористи секоја ситуација за добра шега. Како што е познато, тоа е особина која почесто се наследува од таткото.

8. Проблеми со забите

Забите и устата имаат врска со генетиката, особено кога станува збор за големината и обликот на забите. Машките гени се подоминантни во овој случај, па веќе однапред знаете каква би можела да биде ситуацијата.

Порака до сите татковци: ако имате лоши заби, научете го вашето дете редовно да ги мие забите уште од мали нозе! Децата ги наследуваат забите на својот татко, бидејќи машките гени се подоминантни од женските кога се во прашање забите.

9. Неплодност

Журналот за човечка репродукција откри дека мажите зачнати преку ИВФ може да имаат помал број на сперматозоиди во споредба со мажите зачнати по природен пат.

10. Пол

Само таткото може да влијае на полот на детето. Жените имаат XX хромозоми, а мажите се носители на XY хромозомите. Во зависност од тоа дали спермата носи X или Y хромозом, детето може да биде машко или женско.

Хромозомот кој доминира во спермата на таткото создава комбинација од хромозоми кои го одредуваат полот на детето.