Може да биде опасно на овие делови од кожата
Кокосовото масло е омилен производ за нега на кожата на многу луѓе, но еве кога треба да бидете внимателни!
Кокосовото масло веќе може да се најде во нашите домови – го користиме насекаде, од готвење до козметички производи. Сепак, дерматолозите велат дека треба да се внимава кога се користи кокосово масло за нега на кожата.
Некои го користат за чистење на лицето бидејќи е толку мрсен што ја раствора шминката и нечистотиите, но потоа потребна е втора фаза за целосно отстранување на нејзините остатоци.
За ваков „двофазен“ процес на чистење треба да се користи и пена или сапун за перење, пренесува Телеграфи.
Главниот недостаток на кокосовото масло е тоа што може целосно да ги затне порите. Нема способност да ја навлажнува кожата, може само да го „заклучи“ она што го има во неа. Со други зборови, не е хидрант туку има „оклузивен“ ефект.
Ова е причината зошто никогаш не треба да се користи на деловите од телото што ги депилирате – нозете, рацете, пазувите или интимната зона.
Затнатите пори по депилацијата може да доведат до застој во раст на влакната, а потоа и до формирање на мозолчиња и воспалителни процеси. Наместо кокосово масло, користете хидратантна крема и млеко за тело на овие делови од кожата.
Исто така, ако имате мрсна кожа склона кон акни, кокосовото масло може да ја влоши.