Колачот на Кејт Мидлтон ! Откријте како да го направите омиленото задоволство на принцезата

Поранешниот готвач на кралското семејство откри во кој деликатес најмногу ужива војвотката од Кембриџ.

Почестете се со едноставна торта , чиј рецепт доаѓа од судот.

Состојки:

6 урми без семки исечени на осум парчиња

1 лажичка сода бикарбона

1/2 врела вода

60 гр путер

170 гр шеќер

225 гр темно чоколадо

1 јајце

230 гр брашно

1 лажичка екстракт од ванила

 

Подготовка: 

Измешајте шеќер, путер и слатката павлака. Гответе на средна топлина со постојано мешање додека сè не се соедини и шеќерот не се карамелизира.

Преливот поделете го на два дела, а потоа еден дел истурете го на дното од тавчето во кое ќе го печете колачот и оставете го да се излади.

Исечените урми прелијте ги со топла вода, додадете сода бикарбона, убаво измешајте и оставете да отстои додека не се излади. Овој чекор можете да го направите и еден ден однапред.

Во посебен сад изматете ги со миксер шеќерот и путерот, па додајте ги јајцето и ванилата и уште малку измешајте. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па додадете го во изматената смеса и сè измешајте.

Додадете ја смесата со урми, па добиеното тесто истурете го во тавче обложено со хартија за печење.

Печете на 180°C околу 30 минути или додека чепкалка вметната во центарот не излезе чиста. Прелијте со чоколадната глазура.