Нема ни да чекате да се излади, а вашето семејство ќе ве замоли да им исечете уште едно парче од оваа торта со сливи
Состојки:
- 4 јајца
- 150 гр шеќер
- 300 гр брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 100 гр путер
- 10 големи лажици млеко
- сок од 1 лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 350 гр сливи
Подготовка:
1. Прашокот за пециво измешајте го во брашното. Растопете го путерот на тивок оган. Измијте ги сливите, исечете ги на половина (или по желба исечете ги на четвртинки) и извадете ги јамките.
2. Јајцата се матат со шеќерот додека смесата не добие светло жолта боја и се удвои. Полека додадете растопен млак путер (не топол), сок од лимон и млеко, па екстракт од ванила. На крај додајте го брашното додека матете со миксер на мала брзина.
3. Плехот намачкајте го со путер или масло и посипете со презла. Истурете ја смесата и одозгора наредете ги сливите. Тортата се пече на 180 степени околу 30 минути. Готов е кога ќе добие убава златна боја и ќе се одвои од рабовите на тавата.
4. Можете да го послужите со топка сладолед од ванила или малку изматена слатка павлака.