Познатиот италијански судија Пјерлуиџи Колина по 23 години призна дека намерно го прекршил правилото во легендарното финале на Светското првенство во 2002 година помеѓу Бразил и Германија, кое се играше во Јужна Кореја и Јапонија.
Имено, Колина сакаше по секоја цена да ја задржи топката од финалето, па се реши на интересен потег.
“Потоа свирнав за да го завршам натпреварот 13 или 14 секунди подоцна, без разлика на резултатот. Сакав да бидам сигурен дека ја имам топката во раце и дека ќе ја однесам дома”, призна Италијанецот во интервју за локалниот дневен весник La Repubblica.
Инаку, на сите фотографии од церемонијата по финалето може да се види Колин со топката во рака бидејќи буквално никогаш не ја оставил.
Еден од членовите на организациониот тим дури се обиде да му ја одземе топката, но Колина упорно даваше отпор.
Конечно си ја исполни големата желба и ја донесе дома топката од Мундијалот.
Топката моментално е во неговата теретана, а од познатото финале ги украде и дресовите на Роналдо, Кафу и Дитмар Хаман.