Фудбалерите на Барселона синоќа го освоија шпанскиот Суперкуп, а каталонскиот клуб заработи околу девет милиони евра, пренесува шпански АС. Веќе е познато дека Каталонците со години се во финансиски проблеми, па оваа бројка сигурно многу ќе им значи.
Реал, пак, заработи седум милиони евра како финалист во Суперкупот на Шпанија.
Да потсетиме, Барселона синоќа во Ел Класико го совлада Реал со огромни 5:2 и со тоа стигна до својот прв трофеј сезонава.
Реал поведе на натпреварот одигран во Саудиска Арабија, но Барселона до полувремето прими четири гола.
Во вториот дел Каталонците си ја завршија работата до крај иако имаа играч помалку од 57. минута.
Инаку, избраниците на Ханси Флик го декласираа тимот на Карло Анчелоти во првото Ел Класико оваа сезона, а потоа беше 4:0 на Сантијаго Бернабеу.