Колку луѓе ќе има на погребот на папата Франциско – и кои се правилата?

На погребот на папата Франциско се очекува да присуствуваат повеќе од 200.000 луѓе, меѓу кои и околу 130 делегации.

Според странските медиуми, пренесува Телеграф, во 2023 година околу 50.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој се одржа 10 години откако тој поднесе оставка во 2013 година.

И во 2005 година, околу 300.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Јован Павле Втори, кој почина на 84-годишна возраст.

Во тоа време, околу четири милиони луѓе ги наполнија улиците на Ватикан, заедно со 8.000 членови на обезбедувањето, меѓу кои 2.000 униформирани полицајци и 1.400 полицајци во цивилна облека.

Како што е наведено понатаму, постои кодекс на облекување, според кој мажите се обврзани да носат темно одело со долга црна вратоврска и копче во иста боја на левата јака од јакната.

Дозволено им е да носат бели кошули.

Додека жените се обврзани да носат долги црни фустани, идеално под коленото, како и ракавици и марама.

Инаку, учеството го потврдиле околу 50 шефови на држави, меѓу кои и Доналд Трамп.

Нивните места се однапред доделени, а шефовите на држави седат по француски азбучен редослед врз основа на името на нивната земја, наместо на името на поединецот.

Ова важи за сите, освен за претседателите на Италија и Аргентина, кои ги добиваат првите места бидејќи Папата живеел во Италија и имал аргентинско потекло.

Нело Мусумечи, италијанскиот министер за цивилна заштита, рече дека владата проценила дека нејзината безбедносна операција за сабота ќе чини најмалку 5 милиони евра.