Болката за време на менструалниот циклус беше оценета како болка за време на инфаркт. За да ги избегнат овие тешки денови за време на одморот, жените одлучуваат да го одложат циклусот со помош на апчиња.
Апчиња за одложување на менструалниот циклус мора да ги препише лекар, бидејќи тие не се универзални.
Според гинекологот д-р Божана Степанов, таблетите за одложување на менструалниот циклус се безопасни, но само доколку ги следите упатствата на лекарот кој ги препишал.
„Наредната менструација на жената може да биде пообилна, поболна, а тоа е резултат на поместување на менструалниот циклус со употреба на таблети. Не треба да очекуваме други компликации.
А кој може да користи таблети, погледнете подетално во приложеното видео: