Трендот на големи задници, кој пред години го започна Џенифер Лопез, а кој најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, го следеше максимално, се чини дека не стивнува.
Девојките поминуваат часови и денови во теретани вежбајќи до исцрпеност со цел да постигнат тркалезна и голема форма на задникот како Ким Кардашијан.
Оние кои, пак, не сакаат да тренираат, проблемот го решаваат со естетски хирурзи кои им „прават“ голем задник.
Колку големиот задник денес стана олицетворение на убавината е и податокот дека има гаќички, шорцеви, хеланки и слични парчиња облека со влошки кои го зголемуваат задниот дел. Овој тренд влијаеше и на преференциите во интимните односи, како што објаснуваат многу експерти во оваа област. Бројни истражувања покажуваат дека мажите се повеќе очекуваат нивните партнерки да имаат анален однос, а големиот задник го сметаат за најпривлечен дел од женското тело.
И ако сакате да го постигнете овој изглед по природен пат, колку време всушност ви е потребно за вежбање? Колку треба да вежбате за да имате задник како Ким Кардашијан?
Погледнете некои од најсмелите изданија на најпознатиот член на семејството Кардашијан-Џенер.
Одговорот на ова прашање го даде фитнес тренерот Алексеј Мојсеев. Според него, потребни се некаде од три до осум месеци пред да можете гордо да кажете дека имате задник како оној на Ким, што е многу побрзо отколку што мислат повеќето луѓе. Тој нагласи дека во исто време тренинзите треба да вклучуваат основни вежби за мускулите на рацете, рамената, градите, стомакот…
„Ако имате јасна визија за тоа што сакате да постигнете со вежбање, тогаш најдобро е да се едуцирате, било преку Интернет или во живо со тренер, за тоа каков тип на вежби треба да применувате. Се разбира, секогаш е подобро да работите со тренер отколку да ги повторувате вежбите што ги наоѓате на Интернет, бидејќи тој ќе може да види каде грешите и да ве исправи. Само така ќе ги постигнете посакуваните резултати“, објасни Мојсеев.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА:
Клучно кај вежбите за зајакнување и зголемување на волуменот на задникот е да не се прескокнува тренинзите, затоа мора да има континуитет, како и постепено да се зголемува бројот на повторувања на вежбите и тежината на тегови.