Експертите велат дека колку често имате секс зависи од голем број фактори, вклучувајќи го статусот на врската, здравјето и возраста.
Студијата на американскиот институт „Kinsey“ за истражување на сексот, репродукцијата и полот сугерира дека нашата возраст всушност игра клучна улога во тоа колку често имаме секс.
Не е изненадувачки што луѓето на возраст од 18 до 29 години имаат најмногу секс – во просек се превртуваат во кревет 112 пати годишно. По нив следат група од 30 до 39 години кои се интимни околу 86 пати годишно, односно нешто помалку од два пати неделно, додека оние на возраст од 40 до 49 имаат секс само 69 пати годишно.
Оваа студија покажа јасна врска помеѓу возраста и зачестеноста на односите – како што луѓето стареат, количината на секс драстично се намалува. Тоа не значи дека им е помал нагонот, главно значи дека семејните и работните обврски, стресот и здравствените проблеми можат значително да влијаат на падот на врската. Исто така, чувството на старост може да направи да се чувствуваме помалку секси, што исто така влијае на сексуалниот живот.
„Основната теза што произлезе од оваа студија е дека, како што старееме, нашите шанси за развој на хронични здравствени состојби се зголемуваат, а тоа негативно влијае на зачестеноста и квалитетот на сексуалниот живот“, кажал д-р. Џастин Лехмилер.
Студијата анализирала податоци од 1.170 возрасни лица на возраст над 40 години од кои било побарано да пополнат две истражувања со разлика од 10 години. Добиле задача да пријават колку често имале секс, но и да ја опишат својата самодоверба, желбата за секс и колку често имале секс.