Водата може делумно да ви го наполни желудникот, да создаде чувство на ситост и на тој начин да ви помогне да јадете помалку храна, а експертите објаснуваат дали ова е навистина корисно.
Д-р Роберт Х. Шмерлинг истакнува дека водата може привремено да го прошири желудникот и да испрати сигнал до мозокот дека е потребно да се забави темпото на јадење, но тоа не значи автоматски губење на тежината.
„Водата пред оброците нема да ви помогне да ослабете, но може да ви помогне да јадете посвесно и да не се прејадувате“, тврди овој доктор.
Експертите советуваат дека е подобро да се пие вода пред или по оброците, отколку за време на оброците, за да не се разредуваат дигестивните ензими.
Д-р Шмерлинг истакнува дека жедта често се менува со глад.
„Регулирањето на гладот и жедта е многу сложено и се менува со возраста. Кај постарите луѓе, чувството за жед слабее, но нема убедливи докази дека премногу често ги мешаат гладот и жедта“, објаснува тој.
Ефектите од честото консумирање вода во процесот на губење на тежината се скромни и неодржливи доколку не се комбинираат со здрава исхрана и физичка активност.
Водата пред оброците може малку да го намали апетитот, но тоа не е гаранција за губење на тежината.