Менувањето на чаршафи секогаш е тема на разговор, но општата препорака е еднаш неделно.
Сепак, експерт откри колку често треба да ги менувате за време на топлотен бран.
Според експертот, Ник Рос во овој период треба да ги чистите чаршафите двапати неделно.
„Двапати неделно може да изгледа претерано, но со акумулацијата на мртвите клетки на кожата и телесните масла, топлотниот бран носи уште еден непријатен елемент – пот“, вели тој.
„Моето општо правило е да се мијат чаршафите секогаш кога тие не се чувствуваат свежи“, рече Рос.
Двапати неделно е „добро правило“ за секого, но оние кои страдаат од алергии или имаат чувствителна кожа можеби ќе треба построго да се придржуваат до тоа.