Конклавата на која се избира новиот папа привлекува големо внимание од граѓаните, како и од туристите кои сакаат лично да бидат сведоци на овој важен настан за Католичката црква во овој период. Иако од една страна конклавата претставува религиозен настан, од друга страна таа е и одличен извор на приход за целиот Ватикан.
Италијанските медиуми објавија информации за тоа како 5.300 новинари биле акредитирани на конклавата што се одржа во Ватикан оваа година.
Со оглед на тоа што новинарите и видеограферите исто така бараат најдобри позиции за известување, во деновите на конклавата, позициите во близина на оџакот на Систинската капела привлекуваат посебно внимание.
Оџакот, во зависност од бојата на чадот што излегува од него, сигнализира дали кардиналите избрале нов папа, а сите медиуми се натпреваруваат да го покријат овој момент на најдобар начин.
Така, според извештаите на италијанските новинари, балконите на Виа Паоло VI се оние што нудат најдобар поглед на овој оџак.
Ватикан ги изнајмува овие позиции на медиумите по цена од 500 евра дневно.
Да потсетиме дека црн чад се појави над Сикстинската капела во среда кратко по 20 часот, знак дека кардиналите не избрале нов папа во првиот круг од гласањето.
Кардиналите денес ќе имаат четири гласа во Систинската капела, а доколку папата биде избран на првото гласање, бел чад би можел да се појави во Ватикан веќе во 10:30 часот.