Колкaво е богатството на Путин? Се објавуваат шокантни податоци

Богатството на рускиот претседател Владимир Путин долго време е предмет на шпекулации и гласини.

Тој има официјална плата од 140.000 долари годишно и релативно скромен службен стан, пренесува Business Insider, пренесува Telegraph.

Но, голем број на високо вредни средства, вклучувајќи суперјахти и огромна палата покрај Црното Море, се поврзани со него преку сложени финансиски структури.

Од друга страна, Централната изборна комисија во Русија неодамна ги објави приходите на рускиот претседател, во пресрет на следните избори што ќе се одржат во Русија.

Според податоците, вкупните приходи на Путин за шест години изнесуваат 754.325.

Како што е познато, Путин поседува стан (77 метри квадратни) и гаража (18 метри квадратни) во градот Санкт Петербург, Русија.

Покрај тоа, има и три патнички автомобили – ГАЗ М21 произведен во 1960 година, ГАЗ М21, произведен во 1965 година, Нива, произведен во 2009 година и приколка Скиф, произведена во 1987 година.

Се вели дека рускиот претседател има и 10 банкарски сметки со 607.289 долари. Тој поседува и 230 акции на PJSC Bank во Санкт Петербург.

Путин наводно има и стан во Москва (153,7 квадратни метри) и паркинг простор (18 метри квадратни) во Санкт Петербург на неопределено користење.

Иако овие податоци се само јавни, малку се знае за вистинското богатство на рускиот претседател. Се верува дека тој поседува милијарди долари лично богатство, малку се знае за точната сума или каде може да биде тоа богатство.

Путин не оставил речиси никаква хартиена трага од неговите средства – главно имоти – кои се скриени зад сложените финансиски шеми организирани од неговите доверливи, според извештајот на Панамските документи од 2016 година на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Меѓу луксузите кои се поврзани со пријателите и семејството на Путин, но никогаш директно со него, се мега-јахта вредна 100 милиони долари и замок на Црното Море, за кој се вели дека е изградена за лична употреба на Путин.