– Командантот на украинската војска, Валериј Залужни, потврди дека градот Маринка во источната област Доњецк во потполност е под контрола на руските сили, пренесува Анадолу.
„Тоа што сега се повлековме на периферијата на Маринка не е ништо што може да го предизвика незадоволството на јавноста. Ова е војна. За жал, тоа е така“, рече Залужни на конференцијата за новинарите во Киев.
Нивниот службен став е дека го штитат секој дел на украинската земја, но животите на војниците им се важни и сакаат да ги спасат од налетот на руската артилерија.
„Маринка, која се бранеше речиси две години, непријателот ја уништуваше улица по улица и куќа по куќа. Украинските сили и понатаму остануваат на северната периферија на градот, но местото е уништено до таа мерка што веќе не постои“, рече Залужни.
Коментирајќи ја ситуацијата во близина на Авдивка, уште едно подрачје на интензивни судири на руските и украинските сили во регионот Доњецк, Залужни повтори дека ќе се бранат колку што ќе имаат сили за тоа.
„Се разбира, ние ќе ги штитиме животите на нашите луѓе, а на крај ќе победиме“, рече Залужни.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, вчера за време на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дена нивните сили ја презеле контролата над Маринка.