Командирот на КПУ Ваљево (КПЗ) со иницијали С.С.(48) починал од повредите со кои се здобил откако утринава се застрелал со службен пиштол, на само неколку метри од затворската капија.
Управата за извршување на кривични санкции во Ваљево соопшти дека по обидот за самоубиство, С.С со возило на брза помош бил пренесен во ваљевската болница. И покрај неколкучасовните напори на лекарите да му ги вратат виталните функции, С.С. им подлегна на повредите.
Во согласност со законските процедури, КПУ Ваљево веднаш ја известила полицијата која извршила увид на лице место.
Од КПЗ Ваљево потврдија дека на крајот на минатата година С.С успешно ги поминал сите неопходни психофизички тестови за извршување на работните задачи.