Конор Мек Грегор без сомнение е еден од најпознатите спортисти во светот и затоа каде и да се појави привлекува огромно внимание.
Овојпат славниот Ирец им го украде шоуто на Џошуа и Хелениус, а нивната тепачка се најде на втор план бидејќи сите погледи беа вперени во Конор.
Конор во О2 Арената пристигна во придружба на атрактивни девојки, а моментот го искористи да го промовира својот бренд кој беше спонзор на натпреварот.
Светскиот шампион на IBF, Ебони Бриџис, беше забележан во групата девојки.