Според веб-страницата World of Statistics, Пакистан е најевтината земја во светот. За да провери дали навистина е така, Џош Ларкин од каналот на Јутјуб „The Burnt Chip“ отпатува во неговиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.
Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да открие што може да купи со тие пари за еден ден.
Џош Ларкин го започна денот освежувајќи се со традиционален пакистански пијалок – дута, кој се прави од млеко, шеќер, мраз и сода на улица за само 30 рупии. За ручек јадеше бирјани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко и пиеше пепси за само триесет центи, а за вечера уживаше во ражничи од морска храна за само 22 центи.
Во Карачи се обидел да јава камила, возел ,,тук-тук” и гледал танц на отровни змии на звукот на флејти, а за автобуска карта потрошил само три центи. Тој откри дека изнајмувањето стан во Карачи чини околу 50 британски фунти или околу 60 евра, што е најмалку пет до 10 пати поевтино отколку во повеќето европски градови.